02/3111-043, Моб: 070/461-902КОНТАКТ
0продукт(и)

Немате производи во Вашата кошничка.

Product was successfully added to your shopping cart.

Мултимедијален центар

Мултимедијалниот центар на Здружението за заштита на животните и животната средина СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ во Скопје е место каде што може слободно да се дојде и бесплатно да се чита литературата која е на располагање (може и да се купи, но тоа не е задолжително. 20% од средствата собрани од продажбата во Мултимедијалниот центар ќе бидат наменети за проектите за заштита на животните кои ги работи Здружението) или да се присуствува на некоја од видео-проекциите со различни интересни теми: Заштита на животни, концерти класична музика, медитации, научен форум ...
Видео-проекции има секоја недела со почеток од 10:00 часот. ВЛЕЗОТ Е СЕКОГАШ СЛОБОДЕН, а доаѓањето е пожелно да е точно пред закажаниот термин.
Мултимедијалниот центар во Скопје се наоѓа на следната адреса: бул. „Јане Сандански“ бр. 118, вл.2, лок.2 (спроти ВЕРО во Аеродром). Истиот е отворен секој:
петок: од 17.00-20.00 часот
недела: 10.00-12.00 часот
Изданијата во Мултимедијалниот центар (книги, брошури, флаери, DVD-a, CD-a ...) се изданија на Здружението или внимателно одбрани наслови од други издавачи.
Може да добиете информации за многу животни теми:
• природа и животни
• Божјото пророштво денес
• медитации
• оздравување и здравје
• вегетаријанска/веганска исхрана
• живот по смртта
• воспитување на деца и млади и др.

Срдечно сте поканети!
Мултимедијален центар
бул. „Јане Сандански“
(спроти ВЕРО во Аеродром)
бр.118, вл.2, лок.2
1000 Скопје
тел.: 02 3111-043
моб. 070 461 902
www.multimedijalen-centar.mk
info@multimedijalen-centar.mk
Членовите на Здружението за заштита на животните и животната средина СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ имаат 20% попуст од редовната цена за сите книги, брошури, CD-a, DVD-a.
Членовите на СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ плаќаат месечна членарина од 250 ден./месечно, со што финансиски ги помагаат активностите на Здружението. Членовите можат да земат и активно учество во проектите кои ги работи Здружението. Секој член добива попуст од
20% од сите книги, брошури, налепници, CD-a, DVD-a од овој каталог, а списанието ГЛАС НА ЖИВОТНИТЕ  го добиваат бесплатно.
За нарачки преку пошта, ќе може да пополните и испратите по пошта картичка која доаѓа со овој
каталог: таму се внесува: Бр. за нарачка, наслов и број на примероци, како и Ваша адреса за достава на нарачаните наслови.

.

На секој кој сака финансиски да ги поддржи нашите активности, од срце му благодариме:
“Срце за животните” - Скопје
жиро сметка: 200001105899223
Даночен број: 4030005537623
депонент: Стопанска банка - Скопје
Со назнака: доброволен прилог